Европската банка за обнова и развој и' одобри финансиски пакет од пет милиони евра за Шпаркасе банка Македонија за кредитирање мали и средни претпријатија, кои се насочени кон јакнење на нивната конкурентност на локалните и европските пазари. Заемот од ЕБОР ќе се користи за поддршка на развојот на македонските бизниси со инвестиции за подобрување на еколошките, здравствените и безбедносните стандарди, како и квалитетот на производите во согласност со барањата на ЕУ. Со тоа треба да се олесни пристапот на македонските мали и средни претпријатија до европските пазари, соопшти канцеларијата на ЕБОР во Скопје. Кредитната линија е во рамките на Програмата на ЕБОР за поддршка на приватниот сектор во Западен Балкан, поддржана со техничка помош и грант-финансирање од Европската комисија и од Мултидонаторскиот фонд за Западен Балкан.
Европската банка за обнова и развој и' одобри финансиски пакет од пет милиони евра за Шпаркасе банка Македонија за кредитирање мали и средни претпријатија, кои се насочени кон јакнење на нивната конкурентност на локалните и европските пазари.
Заемот од ЕБОР ќе се користи за поддршка на развојот на македонските бизниси со инвестиции за подобрување на еколошките, здравствените и безбедносните стандарди, како и квалитетот на производите во согласност со барањата на ЕУ. Со тоа треба да се олесни пристапот на македонските мали и средни претпријатија до европските пазари, соопшти канцеларијата на ЕБОР во Скопје. Кредитната линија е во рамките на Програмата на ЕБОР за поддршка на приватниот сектор во Западен Балкан, поддржана со техничка помош и грант-финансирање од Европската комисија и од Мултидонаторскиот фонд за Западен Балкан.